Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Голден Стејт иако не беше многу шутерски расположен сепак лесно го совлада Мајами, а рутински победи остварија и Бостон и Бруклин.
Синоќа во Окленд гостуваше Мајами Хит, шампионот не ја помина границата од 100 поени, а сепак славеше убедлива победа (97:80). Тоа беше првпат Вориорс да не постигнат троцифрен број поени, но натпреварот беше неизвесен само до крајот на првото полувреме. Во третиот период Голден Стејт засили, поведе со 50:37 и тука беше крајот за Мајами.
Предводник на тимот повторно беше маестралниот Кевин Дурант со постигнати 21 поен, 6 асистенции и 8 скокови,а Стеф Кари кој додаде 16 поени, 4 асистенции и 5 скокови.
Кошаркарите не Бостон Селтикс предводени од новото засилување, Ирвинг извојуваа тешка, но заслужена гостинска победа над Атланта од 107-110 и се зацврстија на челната позиција на Истокот. Поранешниот член на Кливленд постигна 35 поени, додека кај Аталанта се истакна Шредер со 23 поени.
Синоќа сигурна победа запиша и Бруклин Нетс, откако со 92-98 славеше на гостувањето кај Феникс Санс.