Доколку не сакате 45 евра казна, ставете го ова во вашиот автомобил!

kazna

Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


За само десет дена започнува да важи законот за поседување на зимска опрема за моторните возила, поточно законот трае од 15-ти ноември до 15-ти март.

Во законот за безбедност на патниот собраќај стои тоа дека:

„Секој возач кој постапува спротивно на одредбите ќе му биде издаден платен налог со глоба во износ од 45 евра во денарска противредност, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бодови“.

Под зимска опрема за моторни возила со најголема дозволена маса која не надминува 3.500 kg, се подразбира зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарите на слојот што гази, по обем и широчина од 4 mm; пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите на слојот што гази, по обем и широчина, со минимум од 4 mm и синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.

Зимска опрема за моторни возила со погон на четири тркала (4 х 4), подразбира зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарите на слојот што гази, по обем и широчина од 6 mm; пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите на слојот што гази, по обем и широчина од најмалку 4 mm.

Синџири за снег потребно е да поседува секое возило со пневматици со летен профил, и притоа, во случај кога возилото е во постојан погон, синџири за снег треба да има најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да има најмалку на постојано вклучената осовина.

Зимска опрема за моторни возила со најголема дозволена маса која надминува 3.500 kg, подразбира зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочината на шарите на слојот што гази, по обем и широчина од шест милиметри; пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите на слојот што гази, по обем и широчина, со минимум од четири милиметри (4mm) и синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала; автобуси и товарни моторни возила кои поради технички причини не можат да постават синџири за снег на погонските тркала, треба да имаат зимски пневматици на погонските тркала, и прирачен алат- лопата.

Зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака„MS“, „M+S“, „M&S“ и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва.

Во патниот сообраќај, на возилата не се поставуваат пневматици со клинци.

Полициски службеник ќе нареди на возач да го прекине натамошното движење на возилото, ако не постапи според сообраќајниот знак за задолжително носење и употреба на зимска опрема.

Исто така, полициски службеник може да нареди на возач да го прекине натамошното движење и тогаш кога не постои сообраќаен знак за задолжително носење на зимска опрема, ако зимските услови на патот не овозможуваат непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, односно полицискиот службеник може да му нареди на возач задолжително да ја постави на возилото зимската опрема.