Мила Кунис ја посети родната Украина после 26 години: „Беше понижувачки“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Згодната и заводлива актерка Мила Кунис, по потекло од украинско семејство, неодамна, прв пат после 26 години, ја посети својата родна земја. Со неа во Украина беше и нејзиниот сопруг Ештон Качер, а посетата не беше на такво ниво на кое што очекуваше актерката.

Со оглед на тоа дека Мила многу сакаше да ја види куќата во која ги помина првите седум години од животот, славниот холивудски пар се упати на западот од Украина, во градот Черновци.

„Слетавме на аеродром, но не почувствував ништо. Немаше никаква поврзаност тоа место, иако сум родена таму, иако таму го поминав моето детство. Кога најпосле стигнавме кај мојата родна куќа и тропнавме на вратата, госпоѓата која живее таму и ни отвори веднаш не избрка. Се обидов да објаснам која сум, но не ми даде шанса да се доискажам, воопшто не и беше грижа. Никогаш не сум се чувствувала толку бедно и понижено“, изјави Кунис во интервју за Net-a-porter.com.

Актерката одлучи да го посети местото каде што е родена после 26 години од заминувањето од Украина. Нејзиното семејство, во потрага по подобар живот, се отселило во 1991 година, а веќе три години подоцна Мила ја доби и првата ТВ улога.