Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Засега непознати лица во Прилеп го вандализираа споменикот на Александар Македонски во центарот на градот.
Споменикот кој е донација од бизнисменот и политичар Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, го краси плоштадот „Александрија” во центарот на Прилеп.
На социјалните мрежи не стивнуваат реакциите и прашањата „Кому му пречи овој споменик со кој прилепчани се гордеат?“, и „Дали овој вандалски чин е само претходница на најавата да се уништат или дислоцираат голем број споменици од македонската историја?“
Споменикот на Александар Македонски беше поставен уште во 2006 година и во тоа време Прилеп беше единствен град во Македонија каде е подигнат споменик на најголемиот восководач во светската историја.