Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Една од веројатно најбизарните приказни кои сте ги чуле во последно време стигнува од соседна Србија каде, како што пишуваат српските медиуми, 26-годишната А.Ш. од Бор орално задоволувала пензионери пред поштата на денот кога им била исплаќана пензијата и потоа ги ограбувала.
Десетици пензионери, главно од селата во околината на Бор, покрај тоа што ан денот кога си ја подигнувале пензијата останале без пари, често завршувале и со скршен нос, рака или вилица. Од реконструкцијата на настаните главно било утврдено дека за тавките повреди самите си биле виновни, иако во тоа им „помагала“ споменатата 26-годишна девојка.
Таа секој 10 и 25 од месецот стоела пред поштата и тука ги заведувала жртвите, кои ги бирала според облеката и годините. Откако пензионерот ќе си ја подигнел пензијата, А.Ш. му приоѓала и му нудела орално задоволство. Човекот кој ќе се согласел го носела во паркот.
„Пензионерот ќе ги спуштел панталоните и гаќите до под колена, а таа почнувала со оралното задоволство. Додека го задоволувала, со другата рака му го земала паричникот од џебот“, објаснува упатен извор за српски Blic.
Кога ќе успеела да дојде до парите, девојката бегала од паркот.
„Неколку пензионери, кога ќе виделе дека се ограбени и дека таа бега, се обидувале да ја бркаат. Но, неколку пати се случувало да се сопнат со турнатите панталони и да паднат, па имало случаи кои завршувале во болница со скршен нос или вилица. Имало и случаи кога некој пензионер завршувал со скршена рака“, дообјаснува изворот.
За сета работа да биде уште побизарна, А.Ш. веќе има свое домашно секс видео кое го снимил еден од нејзините бивши дечковци, а неодамна била уапсена и за време на кражба на бакар во Бор. Кога отишла во полиција, еден од полицајците го пуштил пред неа порно видеото и ја прашал дали е таа на снимката.
Таа потврдила и го повикала во соседната просторија, под услов да ја пушти од станица. Полицаецот ја одбил нејзината понуда, а против неа сега се водат неколку кривични постапки за кражба.
Полицијата претпоставува дека бројот на пензионери кои ги има ограбено е уште поголем, но дека од срам не се пријавуваат.