Лоши вести за мажите кои имаат закривен полов орган


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Сите мажи кои се убедени дека формата на половиот орган, посебно во еректилна состојба, не е толку важна, овие податоци со сигурност ќе ги разубедат во тоа. А истовремено ќе ги направат и посвесни за својата здравствена култура.

Студијата која вклучи 1,5 милиони мажи како испитаници покажа загрижувачка поврзаност помеѓу Пејрониевата болест (закривен пенис во ерекција) и развојот на карцином на абдоменот, кожата и тестисите, објавија учесниците на конгресот на американското Здружение за репродуктивна медицина.

Пејрониевата болест предизвикува фиброза, односно формирање на вишок влакнесто врзивно ткиво во внатрешноста на органот, што предизвикува закривеност на пенисот во ерекција.

Ова пореметување ги има погодено околу 155.000 возрасни мажи во Велика Британија. Почеста е кај повозрасните од 40 години, но може да го снајде било кој маж на било која возраст. Поради интимната природа на болеста, за неа многу малку се говори, бидејќи повеќето мажи чувствуваат срам, па болеста еднакво влијае врз машката гордост како и врз машкото здравје, пишува The Independent.

Резултатите од истражувањето кои ги обработи Универзитетот Бејлор во Хјустон, покажаа дека кај мажите со дијагностицирана Пејрониева болест евидентиран е 40 насто зголемен ризик од развој на рак на тестисите, 29 насто зголеме ризик од развој на меланом и 40 насто зголемена опасност од развој на карцином на абдоменот.

Со оглед на загрижувачките резултати од студијата, лицата кои се заболени од оваа болест се повикуваат да прават редовни контролни прегледи, за потенцијалните малигни заболувања да се откријат на време.

„Тоа е исклучително значајно, бидејќи мажите не водат сметка за тоа. Состојбата може да влијае врз половиот и репродуктивен животен циклус на пациентот, а се поврзува и со сериозни пореметувања“, вели д-р Александер Пастушак, додавајќи дека досега никој не го поврзувал ова пореметување со малигните заболувања.

Портпаролот на здружението Cancer Research UK додаде дека причината за појавата на Пејрониевата болест не е во целост разјаснета, но се знае дека на нејзиниот развој влијаат низа фактори. Пејрониевата болест обично се јавува како резултат на повреда на малите крвни садови што се наоѓаат во пенисот, на пример за време на полов однос, спортски активности или како последица на несреќа. Во текот на заздравувачкиот процес, крвните зрнца и другите клетки се заробени на местото на повредата, што доведува до насобирање на ткивото од лузната.

Но, споменатата болест не се развива кај секој маж после повреда на пенисот. Лекарите веруваат дека постојат и наследни фактори кои можат да играат улога во чувствителноста кон ова пореметување.