Home Шоубизнис Папата: Не е ништо срамно – и јас некогаш заспивам за време на молитва

Папата: Не е ништо срамно – и јас некогаш заспивам за време на молитва

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско (80) вели дека понекогаш му се случува да заспие додека се моли, но нагласи дека од тоа никој не би требало да се срами.

„Кога се молам, понекогаш и заспивам. И на Света Тереза, исто така, и се случувало, изјави понтифот за програмата „Католик ТВ 2000“, имајќи предвид една католичка светица од 19. век.

Натаму, тој истакна дека нема ништо лошо во тоа што не обзема сон среде молитва, оти „христијаните треба додека се молат, да се чувствуваат како деца во таткова прегратка“.

Инаку, папата навечер обично си легнува околу девет часот, и се буди во четири наутро.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Даница Андонов повторно со насмевка на лицето: Пет години по смртта на сопругот, поранешната манекенка е среќна

Како денес изгледа Даница Андонов Легендарниот рапер Далибор Андонов Гру трагично го загуб…