Попупшти под притисокот: Се повлекувам од актерството и одам на лекување


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Откако беше посочен со обвинувања за сексуално вознемирување, Кевин Спејси соопшти дека се повлекува од глумата и оди на лекување.

Портпаролот на глумецот изјави дека тој ќе се повлече на некое време, ќе побара неопходно стручно мислење и дека ќе оди лекување, но не прецизираше какво.

Освен Спејси, уште неколку филмаџии се соочуваат со обвинувања за сексуално вознемирување, а меѓу нив се Харви Вајнстин, Дастин Хофман и Брет Ретнер.

Двојниот оскаровец Спејси, деновиве беше обвинет дека сексуално ги вознемирувал режисерот Тони Монтана и глумците Роберт Кавазос и Ентони Реп, како и уште една особа која претпочита да остане анонимна.

Во извинувањето кон Реп, Спејси и соопшти на јавноста дека „одлучил да живее како геј маж“.