Тевдовски: Од 1 јануари 2018 зголемување на акцизата за нафта


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Од 1 јануари Владата планира да ја зголеми акцизата на нафтата за три денари, соопшти денеска министерот за финансии Драган Тевдовски претставувајќи го Предлог-буџетот за 2018 година.

Тевдовски рече дека не се очекува никакво инфлаторно придвижување и дека јавноста може да биде мирна.

– Не очекуваме ова да доведе до инфлаторен притисок бидејќи нафатата е еден дел од енергенсите заедно со струјата кои во цените учествуваат со 10 проценти, а ова што ние го предлагаме се однесува само на дел на нафтата, а не на бензинот и на струјата. Секако тоа е едно мало делче кое е преддвидено во нашата проекција за инфлација од 1,7 проценти, изјави министерот Тевдовски.

Со зголемување на акцизата и пресметанито ДДВ цената на нафтата ќе биде повисока за 3,5 денари, но според Тевдовски и со ова зголемување цената на нафтата во Македонија ќе остане најниска во регионот.

Причина за зголемување, како што истакна, се ЕУ препораките за заштита на животната средина и намалување на загадувањето.

Очекуваниот ефект од зголемување на акцизата во Предлог-буџетот за 2018 година ќе изнесува 1,6 милијарда денари, а од ДДВ-то 350 милиони денари и дополнителни приходи за Јавното претпријатие за државни патишта.