Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
На Горан Грујевски, првообвинетиот во случајот на Специјалното јавно обвинителство „Тврдина 2″, ќе му се суди во отсуство. Грујевски е уапсен во Грција при обид за бегство во Унгарија и се наоѓа во екстрадициски притвор.
Судијката Лидија Петровска денеска го отфрли барањето на Љупчо Шврговски, адвокат на Грујевски, да се одложи судењето на поранешниот началник во УБК сѐ додека не заврши неговата екстрадиција од Грција во Македонија.
Обвинителите на СЈО Трајче Пеливанов и Ленче Ристевска рекоа дека со судење во отсуство на Грујевски не му го ускратува правото да бара повторување на постапката. Судењето продолжи зад затворена врата бидејќи се изведуваат доверливи докази.
Предметот „Тврдина 2“ се однесува на уништување на служебна документација поврзана со незаконското прислушување. Обвинети се Горан Грујевски и уште шест вработени во УБК. Еден од обвинетите, Никола Бошковски, исто така е во притвор во Солун, уапсен по потерница од македонската полиција.