Point Nemo: Вселенска депонија среде Тихиот океан


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Местото наречено „Точка Немо” („Point Nemo”), за кое ретко кој има чуено, е вистински отпад за вселенски летала чија мисија завршила, а тие целосно и делумно стигнале до површината од Земјата.

Се наоѓа на околу 2.700 километри од најблиското копно. Тука се „складирани“, односно принудно приземјени 260 летала, повеќето руски, од коишто првото паднало таму во 1971 година. Поголемиот дел од ракетите, сателитите и слични вселенски објекти, согорува во атмосферата при паѓањето кон Земјата, но некои делчиња од нив доаѓаат до Земјината површина.

Оддалеченоста од копното, од пловните и воздушните рути, им овозможува на вселенските агенции да избегнат каков било судир. Меѓу остатоците од вселенски летала „сместени” во оваа област, се наоѓаат и оние на Space-X, неколку товарни летала на Европската вселенска станица и советската станица „Мир”.

„Депонијата“ се наоѓа во јужниот дел од Тихиот Океан, меѓу Австралија, Нов Зеланд и Чиле.