Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Со помош на едноставна алатка каква што е Google Maps, а која е достапна за сите авантуристи и љубопитници, морскиот биолог Џони Гаскел пронајде нешто што го нарече Гаскеловата сина дупка. Имено, досега неоткриената сина дупка се наоѓа во срцето на Големиот корален гребен, недалеку од брегот на Витсандеј. Она што го најдоа во неа ги импресионираше истражувачите.
„Откако ја видовме на Google Maps, одлучивме да отпатуваме до неа, подалеку од нашата нормална рута по гребенот, за да видиме што се наоѓа во неа“, напиша Гаскел во соопштението.
Импресивни впечатоци
Кога Гаскел и тимот стигнале до дупката, биле восхитени од она што ги чекало таму. Во дупката нашле неверојатно здрав корал, што за нив било големо изненадување со оглед на тоа дека гребенот трпи сериозни избелувања на коралите, кои поради тоа пропаѓаат и умираат.
„Ги најдовме огромниот корал Birdsnest и издолжениот корал Staghorn, кои се меѓу најголемите и најчувствителни колонии кои сум ги видел досега“, објаснува Гаскел.
„Патувавме десет часа до сината дупка, но се исплатеше. Се нурнавме на длабочина од 20 метри и најдовме здрави корални колонии“, напиша Гаскел на Инстаграм.
Кратко за феноменот сина дупка
Сините дупки се морски пештери или понори, отворени кон површината на водата. Се простираат под морската површина, а често се дом на подморски пештерски пространства кои нудат заштита на различни форми на живот.
Таква е и Гаскеловата сина дупка. Се наоѓа на длабочина од 15 до 20 метри, што значи дека на коралите и други форми на морски живот им нуди заштита каква не би нашле на други делови од гребенот.
Најголемата позната сина дупка е наречена Големата сина дупка, а се наоѓа на длабочина од 124 метри, во близина на Белизе.