Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Поддршка за ЛГБТИ, нов Закон за заштита од дискриминација, изнесување пред лицето на правдата на виновниците за инцидентите и нападот на центарот, вети синоќа премиерот Зоран Заев на петгодишнината од основањето на Центарот за поддршка на ЛГБТИ.
Ова е првпат во историјата на Македонија, еден премиер да присуствува на ваков настан и отворено да даде поддршка на ЛГБТИ заедницата. Досега тие бие шиканирани од власта, дискириминирани, напаѓани, навредувани и никој за тоа не одговараше.
„Демократијата не се стекнува преку ноќ, ниту пак е нешто дадено еднаш засекогаш. Ја развивавме секој ден, со тоа што се развиваме пред сѐсамите себеси, низ надминувањето на наметнати или наследени предрасуди и стигми, испречени како предизвици за да извлечеме поука, што е најдобро. Како и да е, еден од темелите на демократијата е почитувањето на човековите права и Владата ќе направи сѐза да ја овозможи оваа уставна придобивка на секој граѓанин во Република Македонија“, рече премерот Заев.
Тој порача да бидат гласни во заштита на правата на заедницата и на човековите права и најави значајни промени во комисијата за дискриминација која ќе биде составена од луѓе која ја познаваат оваа проблематика.
Премиерот Заев ја уплати и првата донација во Сигурна куќа за заштита и згрижување на лицата на кои им е потребна помош, а останале без работа или дом поради својата сексуална ориентација.
„Бевме напаѓани, навредувани, но за тоа никој не одговараше“, рече Уранија Пировска извршен директор на Хелсиншкиот комитет за човекови права.
Кочо Андоновски, програмски директор на ЛГБТИ нагласи дека досега се одржани над 150 јавни настани, околу 50 луѓе добиле психо-социјална помош, а сите овие работи се правени во време на режим во кој беа напаѓани.
„Преживеавме, направивме четири кампањи на локално ниво во режим што не напаѓаше. Двапати бевме цел на напади и тоа токму на нашите родендени“, изјави Андоновски.
Елена Петревска менаџер на Сигурна куќа нагласи дека донациите се од голема помош за луѓето кои станале бездомници или останале без работа токму поради нивната сексуална ориентација.
„Многу луѓе страдаат поради нивната сексуална ориентација и ние сме тука за да им помогнеме да се реинтегрираат и ресоцијализираат во општеството“, рече Петревска.
На роденденот на Центарот беа доделени признанија на подржувачи и донатори кои изминатиот период го помагале развојот на ЛГБТИ и Сигурна куќа.