„Крвав час“: Женската менструација е финансиски исплатлива во овој израелски бар


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Бар во околината на Тел Авив воведе т.н. „крвав час“, односно попуст од 25 отсто за секоја припадничка на понежниот пол, која е во месечен циклус.

Авторите на иницијативата, Моран Барир и Дана Етгар велат дека жените вкупно четвртина од својот живот го минуваат во менструација, па го заслужуваат барем тој попуст за една вечер.

За почеток, попустот од 25 отсто важи од завчера, а ќе се нуди од понеделник до среда, како и во сабота, кога по принцип има и стенд-ап настапи.

Намалението ќе се одобрува врз основа на доверба и без приложување докази.