Милан тргнува по ѕвездата на Дортмунд – не, не е Обамејанг!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан е сериозно заинтересиран за ѕвездата на Борусија Дортмунд и германски репрезентативец, Марко Ројс.

Ројс е надвор од терените поради повреда уште од месец мај, но не престанува да го привлекува вниманието на големите гигант, па интерес за него покрај Манчестер Јунајтед и Арсенал покажа и Милан.

Договорот на 28-годишниот Германец со Борусија Дортмунд му истекува во 2019 година, но тој е спремен да ја промени средината по завршувањето на сезоната.

Италијанските медиуми тврдат дека многу е веројатно Ројс да се пресели на „Сан Сиро“ бидејќи неговиот спонзор „Пума“ од следната сезона ќе биде генерален спонзор на „росонерите“.

Со оглед на неговото подолго отсуство од терените и краткиот договор овој трансфер би можел да се реализира за „само“ 25 милиони евра, пренесуваат италијанските медиуми.