Анчелоти ја отвори душата: За отказот, Баерн, Милан, Рома и следниот ангажман


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Карло Анчелоти го даде првото големо интервју после отказот кој го доби во Баерн Минхен и искрено проговори на сите теми, притоа откри кога ќе се врати на фудбалските терени.

Откако стана слободен тренер медиумите буквално секој ден го поврзуваат со нов клуб, а Анчелоти се смее на таквите тврдења, прима плата од Баерн Минхен, а следниот клуб ќе го одбере на крајот на сезоната.

„Секој ден во медиумите моето име се поврзува со некој нов клуб. Еден ден тоа е Челзи, па мојот пријател Конте се лути. Потоа ме селат во Кина, па во Евертон… Вистината е дека ќе чекам до 30-ти јуни да ми истече договорот со Баерн, а потоа ќе ги разгледам сите опции“, изјави Анчелоти, а потоа ја откри и причината за отказот.

Ноер е голем голман и неговото отсуство се почувствува во Баерн. Но тоа не беше причината за мојот отказ, проблем беше раководството кое пристана да верува во мојата работа и моите планови. Во оваа работа сум 20 години и знам дека отказите се дел од работата. Големите клубови се врзуваат само резултати, иако мислам дека резултатите не можат да се почувствуваат во септември“, искрен беше Италијанецот.

Анчелоти потоа говореше за можноста да седне на клупата на Рома како и за моменталната ситуација на „неговиот“ Милан.

„Се гледам себе си на секоја клупа, па така и на таа од Рома. Но, знам дека утре сите ќе зборуваат дека сакам да ја водам Рома, па Ди Франческо ќе се налути. Го сакам фудбалот, ја сакам својата работа, па поради тоа секоја клупа ми одговара“.

„Милан го промени целиот тим, па логично е дека му треба повеќе време. Во фудбалот не постои сигурен рецепт за успех и не постојат тренери кои имаат маѓично стапче Оваа сезона би требало да им послужи за тимот да се воигра, а следната година додатно да се засили. Милан купи многу важни играчи, но исте се млади и треба да растат, а со нив и Милан“, изјави Анчелоти.