Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Откако доби црвен картон против Барселона во Суперкупот на Шпанија, Кристиано Роналдо никако да дојде до својата препознатлива форма, барем во шпанската Примера.
Се она што го красеше овој фантастичен фудбалер во изминатите десетина години, како да исчезнува во домашното натпреварување. Роналдо многу ретко дава голови, а уште поретко успева да ги „издрибла“ своите чувари на теренот.
После натпреварот против Еибар, новинарите го запрашаа тренерот Зинедин Зидан, што се случува со Роналдо кој минатата сезона постигна 42 гола, а оваа само еден.
„Не треба да се грижиме ако Роналдо не постигне гол, важно е да влегува и да создава шанси“, изјави Зидан и додаде дека Португалецот е апсолутен фаворит во изборот за најдобар фудбалер на светот.
„Тој е најдобриот фудбалер на својата генерација. Далеку најдобар. Роналдо е одлучувачки фактор во клучни натпревари, човек кој прави разлика и апсолутно ги заслужи сите награди кои ги доби до сега. Наскоро ќе дојдат и головите, треба само да ја врати самодовербата“, заклучи Зидан.
Реал Мадрид во послдено време игра се подобро, но лошо ја отвори сезоната и заостанува 5 бода зад лидерот Барселона.