Харингтон: „Плачев додека го читав сценариото за последната епизода од Game Of Thrones“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Мегапопуларната серија Game Of Thrones до 2019 година ќе ја добие својата последна сезона, кога ќе се заврши и возбудливата и крвава борба за престолот на Седумте кралства. Ѕвездата на серијата, Кит Харингтон, кој го глуми Џон Сноу, откри дека последната епизода од серијата буквално го расплакала.

На гостување во емисија во Велика Британија, Харингтон откри дека сите актери од серијата го имаат прочитано сценариото за последната сезона.

„Минатата недела дознавме сè што ќе се случува. Досега не знаев ништо. Плачев додека го читав сценариото за последната епизода. Зад нас е осум години заедничка работа и никој, всушност, не е врзан за оваа серија колку ние“, објасни Харингтон.

Водителот го праша Харигтон дали таквата емотивност се должи бидејќи се ближи крајот ан Game Of Thrones,или на тоа што ќе донесат новите епизоди.

„Ова е институција во која бев подолого од било која друга претходно. Наредната година, кога веќе нема да снимаме, ќе биде навистина чудна. Сите посебно ќе се сеќаваат на последните сцени кои ќе ги снимаат. Не само што сме ние врзани за сето тоа, туку и огромен број луѓе ширум светот се поврзани со серијата“, одговори Харинготн.