Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Скоро секој поголем град се соочува со проблеми предизвикани од сообраќајната гужва, а според неодамнешната објавена анализа, меѓу 10-те градови со најголема сообраќајна гунгула се Лос Анџелес, Москва, Њујорк, Лондон и Париз.
Се проценува дека сообраќајните гужви ги чинат САД неверојани 300 милијарди долари годишно, мерено според потрошено гориво и време.
Компанијата Inrix, која нуди низа интернет услуги и мобилни апликации кои се однесуваат на сообраќајната сфера, објави анализа во која ги наведува градовите со најголема сообраќајна гужва во светски рамки. Во извештајот се наведени и просечниот број на часови кои возачите ги трошат во сообраќајни гужви во 1.064 града од 38 земји од цел свет, како и вкупното време поминато во сообраќај изразено во проценти.
Лос Анџелес е на прво место, каде возачите трошат 104 часа во сообраќајни гужви. Трошоците од овие гужви, мерени според потрошено време и гориво, изнесуваат 9,7 милијарди долари годишно, што е во просек по 2.408 долари по возач.
Еве ја целата листа од првите 10 града во светски рамки со најголеми гужви, потрошено време во гужви и вкупно време поминато во сообраќај во проценти.
1. Лос Анџелес, САД 104,1 (13%)
2. Москва, Русија 91,4 (25%)
3. Њујорк, САД 89,4 (13%)
4. Сан Франциско, САД 82,6 (13%)
5. Богота, Колумбија 79,8 (32%)
6. Сао Паоло, Бразил 77,2 (21%)
7. Лондон, Велика Британија 73,4 (13%)
8. Магнитогорск, Русија 71,1 (42%)
9. Атланта, САД 70,8 (10%)
10. Париз, Франција 65,3 (11%)