Home Спорт „АС“: Мистеријата околу Бејл продолжува!

„АС“: Мистеријата околу Бејл продолжува!

Мистеријата околу повредата на Герет Бејл почнува да ги загрижува сите на „Сантиаго Бернабеу“, пренесува мадридскиот весник „АС“.

Веќе 23 дена напаѓачот на Реал Мадрид е надвор од тимот, но загрижувачки е што се уште не е јасно кога ќе може да се врати на терените.

Официјалната информација од клубот е дека има оток без кинење на мускулот на левата нога, повреда со која Бејл се здоби на натпреварот против Борусија Дортмунд.

„Сочувствувам со Бејл, тој е растревожен поради повредата“, изјави Зинедин Зидан.

За сега од медицинскиот тим на Реал не можат да одредат точен датум кога Велшанецот ќе може да се врати на терените.

Во последните пет сезони Бејл пропушти дури 67 натпревари поради повреда. Минатата сезона тој имаше операција на десниот глужд и беше надвор од терените цели 4 месеци.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…