Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Жозе Мурињо веќе е во потрага по засливања за новата сезона. „Специјалниот“ не е задоволен од придонесот на поедини играчи, иако „црвените ѓаволи“ играат одлично оваа сезона.
Најпроблематична позиција во тимот на Мурињо сигурно е позицијата лев бек, а англиските медиуми тврдат дека Португалецот пронашол адекватно засиливање за таа позиција.
Станува збор за 20-годишниот фудбалер на Еспањол. Арон Мартин, кој минатата сезона, а и оваа ги воодушеви сите со своите настапи и зрелоста која ја покажа.
Мартин има договор со шпанскиот клуб до 2022 година, а во него има и откупна клаузула која изнесува 40 милиони евра.
Мурињо не е задоволен од придонесот на левите бекови кои ги има, Лук Шо, Дени Блинд и Маркос Рохо, па е спремен да ја активира откупната клаузула.
Медиумите тврдат дека „Специјалниот“ сака што е можно побрзо да го комплетира трансферот бидејќи за Мартин силен интерес покажуваат уште Реал и Барселона.