Вака изгледаа Ана Брнабиќ и Александар Вучиќ во ’90-те години


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Твитерџиите споделија фотографии на српската премиерка Ана Брнабиќ од 90-те години, како и на српскиот претседател Александар Вучиќ.

Пред да се појави на политичката сцена, Ана завршила во Петтата белградска гимназија, а потоа во САД каде во 1998 година завршува студии за бизнис администрација. Магистрирала во Британија.

Според српски медиуми, таа сака музика од 80-те и омилена група и е Депеш мод.

Вучиќ завршил Правен факултет во Белград, а англиски јазик усовршувал во Брајтон, Англија. Како еден од најдобрите студенти во генерацијата, бил и стипендист на „Фондацијата за развој на научната младина“.

Работел на „Канал С“ на Пале, Република Српска, во 1992 и 1993 година каде подготвувал и водел вести на англиски јазик.

Тренирал кошарка и играл фудбал. Познат е како навивач на белградска Црвена Звезда.