Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Хамес Родригез ова лето пристигна во Минхен како големо засилување од Реал Мадрид, но неговата авантура во Баварија најверојатно ќе заврши после само 6 месеци.
Баварците го донесоа Колумбиецот на двегодишна позајмица за 10 милиони евра, а имаат право да го откупат неговиот договор за додатни 40 милиони, но од тоа нема да биде ништо.
Хамес пристигна на „Алијанц Арената“ на инсистирање на Карло Анчелоти, но не се снајде баш најдобро и до сега одигра само 237 минути на теренот.
Со заминувањето на Анчелоти од клупата неговата минутажа додатно ќе се намали, па готово сигурно Хамес ќе ја промени средината во зимскиот преоден рок.
„Дон Балон“ пренесува дека неговата следна дестинација најверојатно ќе биде Серија А, каде Милан, Интер и Јувентус покажуваат сериозен интерес за неговиот потпис.
Италијанските гиганти се спремни да ја преземат позајмицата од Баерн и обврската да можат да го откупат од Реал Мадрид за 40 милиони евра.