Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Мајчинската љубов нема граници, а тоа по којзнае кој пат го покажа и докажа слоница од Индија, чие младенче падна во дупка со вода.
Слончето не можеше да излезе од дупката, па слоницата очајнички почна да копа во калта. Во паника фрлаше уште кал врз своето бебе, поради што дополнително се вознемири.
Копаше цели 11 часа без престан, а бидејќи луѓето стравуваа дека ќе стане агресивна и ќе почне да напаѓа, никој не можеше да и помогне. На крајот, месното население донесе камион полн со банани со цел да го одвлече вниманието на слоницата и да се тргне од кај дупката.
Планот успеа, слончето остана само, а локалците го извлекоа и го вратија кај неговата мајка после повќечасовна работа и труд.