Гнездо за луѓе – совршено место за бегство од модерниот свет


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Уште од дамнешни времиња луѓето биле фасцинирани од животните. Птиците биле предмет на обожавање и култ во сите култури. Секој, барем еднаш во животот, сонувал или посакал да има крила. Желбата за бегство и одмор од земскиот модерен свет неодамна доби и нова изглед – форма на птичјо гнездо.

Гнездото за луѓе е сместено во дивините на Кенија, а идејата на истото е да ги спои туризмот и зачувувањето на природната средина и животинското царство. Изработено е од дрво и гранки, а од него луѓето можат да ги набљудуваат дивите животни и прекрасната природа на Кенија.

Иако целта е дистанцирање од брзиот и модерен свет, гнездото ги има сите услови за „нормален“ живот, а тоа вклучува и топла вода. Но, ова задоволство не може секој да си го дозволи. Една ноќ во гнездото чини околу 1.150 долари.

Се надеваме дека во скора иднина ќе се појават уште повеќе вакви еколошки фокусирани идеи кои луѓето ќе ги сплотуваат со природата – и ментално, и физички.