Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Популарната пејачка Пинк сподели анегдота со јавноста во која објасни како го наговорила на соработка на нејзиниот нов албум, Beautiful Trauma, еден од најголемите рапери на денешницата, Еминем.
„Со мојот продуцент Макс почнавме да работиме на песната Revenge. Притоа испивме многу вино, а кога стигнав дома продолжив да пијам. Тогаш одлучив на Еминем да му пишам меил. Затоа тоа го викаат течна храброст.
Му напишав: Знаеш дека те сакам. Ми се допаѓа како работиш со слични изведувачи, на пример Ријана. Таа посекси, ама јас сум духовита. Сакам Греми за рап песна и сакам да бидеш таму со мене“, открива Пинк, додавајќи дека тоа било прилично долг меил.
Еминем одговори со еден единствен збор, поточно кратенка: „Ок“.
Раперот во тоа време бил во Рио де Жанеиро, но песната ѝ ја испратил за само четири дена. Пинк била воодушевена.
„Повторно му пишав: Ова е најдобрата ствар која сум ја чула било кога. Сакам да те легнам на земја и да ти го наполнам со прашина лицето“, на што Еминем повторно одговорил кратко – „Ок“.