Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Леа Мембри е родена пред 20 години како момче и, како што вели, ѝ биле потребни 18 години за да сфати дека „повеќе не мора да биде момче“, па започна трансформација во жена.
Две години ѝ биле потребни за „да научи како да биде жена“, а дури потоа сфатила дека клучот е во тоа „да престане премногу да се труди и да си биде своја“, открива Леа за Daily Mail. Таа никогаш не била задоволна со животот во машко тело, а кога влегла во пубертет, нештата за неа станале уште полоши.
„Беше ужасно бидејќи растев во погрешно тео, правев некои работи кои ги прават и останатите момчиња само за да се вклопам во средината, а воопшто не ме интересираа“, открива таа.
„Сега се чувствувам дека сум она што отсекогаш требало да бидам. Најдобар момент беше кога ги добив градите и најпосле можев да ги покажувам, на некој начин најпосле можев да докажам дека сум жена“, се потсетува на своите чувства Леа после операцијата на градите.
„Пред тоа постојано имав чувство дека морам да се докажувам, дури и кога земав женски хормони“, тврди Леа, која не ни сфаќала дека промената на пол е возможна, сè додека не наполнила 18 години и запознала други трансродови жени.
„Запознав многу прекрасни жени за кои веднаш не ни знаев дека се трансродови и тоа беше прекрасно искуство. Беа толку убави и изгледаа како сите останати жени. Тогаш одлучив да одам на лекар и да барам хормони. Цело детство на тие жени гледав само како на проститутки, бидејќи медиумите само така ги прикажуваа. Не ни знаев дека можат да бидат убави како жените кои сум ги запознала. Се запрашав зошто уште живеам како момче кога сум толку несреќна“, објаснува Леа.
Таа уште сака да ги „омекне“ цртите на лицето, за да се чувствува уште поженствено. „Важно ми е да го средам она што другите го гледаат на мене, а потоа ќе се занимавам со она меѓу нозете“, вели оваа 20-годишна девојка која има огромна поддршка од семејството и пријателите.