За само два дена ќе останеше без своите 24 милиони долари!

Dolari

Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Еден дедо од Њу Џерси пред неколку дена во својата стара кошула го пронашол ливчето од њујоршката лотарија вредно 24 милиони долари и тоа замислете само два дена преда истекувањето на рокот.

Всушност, ливчето било старо скоро година дена, но 68 годишниот Џими Смит се појавил во просториите на лотарија за да си ја подигне добивката.

Oвој дедо открива една интересна ситуација, односно купувал ливчина во Њу Џерси и Њу Јорк во последните 50 години, но никогаш не му се брзало да провери дали е добитен или не.

„Завршив со куп ливчина, вклучувајќи го и добитниот. Кога го пронајдов тоа ливче цела минута гледав во него. Помислив: Дали е можно да е тоа што мислам дека е?„ – рече господин Смит.

„Морав да излезам на балконот и да вдишам свеж воздух. Најпрво не верував, но подоцна сфатив дека сум побогат за 24 милиони долари.“

На прашањето каде ќе ги потршете овие пари, господин Смит одговори дека за тоа треба да разговара со своето семејство пред да донесе било каква одлука.