Дали Хамес Родригез може да заврши преку „големата бара“?


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Колумбиецот, Хамес Родригез, кој ова лето пристигна во Баерн Минхен Минхен како големо засилување би можел многу брзо да го напушти клубот.

Хамес после три години одлучи да ги напушти „кралевите“ и премина во Баерн на позајмица од две години и изгледаше дека конечно ќе успее да се врати во вистинската форма.

Меѓутоа Хамес не се наигра премногу од доаѓањето на „Алијанц Арената“, а во прилог не му оди и тоа што Баварците го променија Карло Анчелоти кој беше најзаслужниот човек што тој пристигна во Минхен. Германските медиуми веќе започнаа да шпекулираат дека Хамес после само пола година би можел да се врати во Мадрид.

Наводно, Колумбиецот кај Хејнкес не би бил во прв план, а јасно е дека Хамес не сака да седи на клупата.

Според „Билд“ Хамес би можел да направи изненадувачки трансфер и тоа во МЛС лигата, наводно интерес за него покажале Орландо и Њу Јорк Сити, клубови кои сакаат нови ѕвезди бидејќи ќе останат без Рикардо Кака, односно Андреа Пирло.