Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Зулејка Ривера, секси бринетата која ја заведе цела планета со својот перформанс во спотот за планетарниот хит Despacito од Луис Фонси, е бивша Miss Universe, титулата најубава жена во Порторико, исто така, тешко ќе ја изгуби со оглед дека секој ден посветено работи на својот секси изглед.
Нејзиниот Инстаграм профил е преполн со жешки фотографии од плажа и журки, а Зулејка, иако има и деца, со својот физички изглед е во сензационална топ форма.
Убавината и секси изгледот, освен на природата, ги должи и на посветеното и редовно вежбање во теретана, а како тоа го прави оваа убавица покажа на краткото видео на кое се снима како прави вежби за својот задник.
Спотот за песната Despacito ја лансираше Зулејка во врвот на светската слава, па на Инстаграм сега бројот на нејзините фанови и следбеници се движи до милионска цифра.