Реал носи три ѕвезди и ги руши сите рекорди


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Веќе е извесно дека крилниот напаѓач Герет Бејл ќе биде продаден наредното лето, а шпанските медиуми шпекулираат дека ни Кристиано Роналдо не е сигурен бидејќи бара нов договор.

Во тој случај „кралевите“ ќе направат комплетна револуција, а уште сега медиумите ги откриваат имињата на новите ѕвезди кои треба да пристигнат на „Сантиаго Бернабеу“.

Шпанските медиуми тврдат дека Хари Кејн е „невозможна мисија“, но дека Реал може да го донесе Деле Али. Тотенхем веќе му понуди нов договор, но за сума далеку помала од онаа која ја бара фудбалерот.

„Кралевите“ сакаат да ја искористат таквата ситуација и веќе спремаат понуда која Тотенхем нема да може да ја одбие.

Исто така Реал е спремен да направи се за да ја донесе ѕвездата на Јувентус, Пауло Дибала, но тешко е да се поверува дека „бјанконерите“ ќе се откажат од еден од најталентираните играчи на светот. За овој трансфер се очекува дека ќе биде соборен светскиот рекорд.

Третото име кое се поврзува со Реал е Давид Алаба. Наводно фудбалерот сака да го напушти Баерн и да проба ново искуство, а „кралевите“ го сакаат бидејќи може да игра на неколку позиции.

Шпанските медиуми пренесуваат дека овие тројца фудбалери ќе го чинат Реал повеќе од 300 милини евра, но Флорентино Перез нема да има проблем да ја плати таа сума.