Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Претседателот на Панама Хуан Карлос Варела го прогласи 12 октомври за неработен ден во државата поради пласманот на фудбалската репрезентација на Мундијалот 2018 во Русија.
Панама за прв пат во историјата се пласира на Светско првенство, откако синоќа во драматичен дуел ја победи Костарика со 2:1.
Ова е историски ден за нашата земја. Утре ќе одмараат сите работници како во државниот, така и во приватниот сектор. Нема да има ниту настава во приватните и државните училишта. Славете го денот со своите семејства“, изјави претседателот.