Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги објави дека од сите телевизии на државно и регионално ниво и радијата опфатени со мониторингот во првите 10 дена од изборната кампања за локалните избори, само телевизија „Алфа“ известувала неизбалансирано, со тоа што одвоила забележливо повеќе време за коалицијата на ВМРО ДПМНЕ.
Другите, во извештаите од кампањските активности, како што се наведува, настојуваат да обезбедат еднаков третман и квантитативно и квалитативно, со тоа што за коалицијата на ВМРО ДПМНЕ често има повеќе време како резултат на нивните бројни реакции и критики за активностите и политиките на власта. Дисбаланс не е констатиран ни во МРТВ иако не се придржувале сосема до законски пропишаниот образец за структурата на вестите: 30+30+30+10 насто.
Од Агенцијата информираат дека потребно е да се забележи дека дел од програмските сервиси на МРТ издвојуваат повеќе време за да известат за дневните настани од земјата и светот што, како медиуми и како јавен сервис, е нивна примарна обврска. Сепак, до крајот на кампањата треба да обрнат повеќе внимание на законските барања за структурата на вестите.
Општ заклучок е, истакнуваат од Агенцијата, дека информативните редакции на медиумите се трудат да ја задржат логиката на конкретниот политички процес, односно да ги претставуваат пред се изборните активности на кандидатите за градоначалници, а не примарно лидерите на одредени партии.