БОМБА на Апенините: Милан тргнува по Агуеро


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Англиските медиуми пренесуваат дека Кун Агуеро во зимскиот преоден рок би можел да го напушти Манчестер Сити и кариерата да ја продолжи во Серија А.

Пеп Гвардиола е одлучен во намера да го донесе Алексис Санчез на „Етихад“ и спрема понуда со која ќе го убеди Арсенал да го пушти Чилеанецот 6 месеци пред истекот на договорот.

„Дејли Мејл“ пренесува дека тоа ќе значи отворање на излезната врата на Кун Агуеро. Во моментов најголем интерес за потписот на Аргентинецот покажува Милан.

„Росонерите“ наводно и во летниот преоден рок испратиле понуда за Агуеро, но тогаш „граѓаните“ ја одбиле истата.

Милан сака да донесе голема ѕвезда во нападот и наводно е спремен да понуди повеќе од 50 милиони фунти за потписот на Аргнетинецот.