Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Баерн Минхен лошо ја отвори сезоната и неочекувано заостанува цели пет бода зад лидерот Борусија Дортмунд.
Баварците поради тоа му дадоа отказ на Карло Анчелоти, а вчера и официјално го назначија Јуп Хејнкенс за нов шеф на стручниот штаб.
Но, тоа не е единствениот проблем за Баерн. Првиот голман Мануел Ноер бавно се опоравува од повредата и би можел да се врати на терените дури во март.
Поради тоа „Мундо Депортиво“ пренесува дека Баварците се заинтересирани за голманот на Барселона, Тер Штеген.
Тешко е да се очекува дека Каталонците ќе се откажат од својот прв голман, но Баерн има алтернатива, а тоа е токму резервата на Тер Штеген, Јаспер Силесен.