Руски стоматолог го запали интернетот – сам си вади заб пред камера


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Стоматологот Рустам Јакјаев од Русија си извади сам себеси заб со помош на огледало и сето тоа го сними со камера.

Тој вели дека си направил претходно ренген снимка што покажала дека забот е оштетен и дека морал да го извади.

„Не ми беше тешко, а не беше ни болно бидејќи претходно си ставив анестезија“, рече 24-годишниот стоматолог.

Јакјаев наведува дека ова искуство за него било добро и доста интересно.

„Сепак, не очекував многубројна публика и толкаво внимание од медиумите“, вели стоматологот.

Видеото е прегледано околу 400.000 пати. Стоматологот сега работни во приватна клиника, а тоа не било случај кога го снимил клипот.