Фејсбук воведува нова опција: Со оваа опција може да си ги вратите старите профили


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Со напредокот на технологијата бројни компании почнаа со вградување на сензори за препознавање лица. Па така и гигантот меѓу друштвените мрежи ја воведува оваа опција, со што ќе можете да си го вратите стариот профил со помош на систем за препознавање на лице.

Прво гласините за оваа опција почнаа да кружат на Твитер, а подоцна и Фејсбук ја потврди оваа информација за „Tech Crunch“.

Како и до сега новата опција е достапна само за ограничен број на корисници, затоа што Фејсбук ја проверува функционалноста на ситемот за препознавање лица.

Овај систем е дизајниран за да им помогне на корисниците да ги вратат своите стари профили, наместо да креираат нови. Така ако некој ви го хакира профилот, ќе можете многу лесно преку вашата камера да си го скенирате лицето и да си го вратите профилот.

„Тестираме нови опции за луѓето кои брзо и лесно сакаат да потврдат дека се сопственици на профилот, на кој неможат да се најават од разни причини. Оваа опција е достапна само за уредите од кои веќе сте се најавувале на профилот“, изјавуваат од Фејсбук.