Дарвин беше во право: Еве како настанал животот на Земјата


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Животот на Земјата настанал кога нашата планета ја „бомбардирале“ метеорити, кои паѓале во „малите топли езера“. Се смета дека во нив настанале првите облици на живот, а не во океаните како што порано се мислеше.

Потеклото на животот е една од најголемите мистерии со кои човештовто се соочило. Во последните неколку години научниците заговараа теории дека животот настанал од вулканските отвори на океанското дно. Но, новите истражувања ја поддржуваат теоријата на Чарлс Дарвин од 1871 година. Таа теорија се базира на тоа дека првите живи суштества настанале во некое топло езеро со многу амонијак и фосфорни соли.

Меѓутоа, таа идеја дури сега ја потврдија научниците од Мекмастер универзитетот во Канада, и „Макс Планк“ институтот во Германија.

„За да го сфатиме потеклото на животот, мора да знаеме какви биле условите на Земјата пред неколку милијарди години“, вели еден од авторите на студијата.

„Како што нашата студија покажува, астрономијата ги нуди сите клучни одговори на тоа прашање. Деталите за тоа како настанал Сончевиот систем директно влијаат на потеклото на животот на Земјата“.

Па така животот на нашата планета настанал пред отприлика 4,5 и 3,7 милијарди години, кога мал метеорит со амонијак и водород цијанид паднал во некое мало езеро.

Пресметките сугерират дека првите молекуларни рибонуклеински киселини (РНА), настанале во текот на таа фаза. А кога езерата пресушиле, се формирале другите облици на живот. Тие други облици, го продолжуваат ланецот во текот на „влажните и суви“ циклуси на Земјата во некои поволни услови. И така спонтано се репродуцирале.

Тие молекули го содржат првиот генетски код на нашата планета Земја.