Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Манчестер Јунајтед одлично ја започна сезоната, но Мурињо ја користи секоја шанса за додатно да го засили тимот.
Англиските медиуми откриваат дека „Специјалниот“ е на чекор да донесе големо засилување на „Олд Трафорд“ и тоа потполно бесплатно.
Наводно Месут Озил е спремен во јануари да потпише преддоговор со „црвените ѓаволи“. Германецот влезе во последната година од договорот со Арсенал и во јануари ќе биде слободен да преговара со други клубови.
Тоа најверојатно ќе биде Манчестер Јунајтед каде Озил повторно ќе соработува со Мурињо, како во времето додека играше во Реал Мадрид.
Вистина е дека формата на Озил е во надолна линија, најмногу поради повредите, но Мурињо смета дека би бил идеално засилување за неговиот тим бидејќи одлично ги познава неговите квалитети.
Притоа не сака да ја испушти шансата да донесе така квалитетно засилување без да потроши ни едно евро.