Како Samsung ќе заработи повеќе од iPhone X отколку од Galaxy S8

Galaxy S8

Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Според пресметките на аналитичарите во следните две години Samsung ќе заработи повеќе на iPhone Х отколку на својата сегашна ѕвезда S8. Ова е благодарение на OLED екраните кои им ги продадоја на Apple.

iPhone X за еден месец ќе биде во продажба, и ова до сега е нивниот најскап смартфон. Ова на Apple ќе им донесе милијарди но и Samsung ќе има голема заработка од тоа.

Главната причина е во тоа што Samsung и LG се водечки компании кога се работи за OLED екраните. А Samsung е единствена компанија која може да одговори на побарувањата на Apple. Како што пишува „Wall Street Journal“, Samsung ќе заработи по 110 долари од секој продаден телефон на Apple. Поточно 10% од вкупната вредност на телефонот.

Анализите исто покажуваат дека Apple во наредните две години би можел да продаде 130 милиони iPhone X, што на Samsung ќе му донесе заработка од 14 милијарди долари. Од друга страна пак Samsung од S8 ќе заработи 10 милијарди долари.

Сепак Apple има намера до 2019 да се сврти кон компанијата LG, која би можела да ги задоволи нивните потреби.