Оваа европска нација води најнездрав начин на живот


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Пороците, уживањето во хедонистичкиот стил на живеење и уште некои работи го дефинираат степенот на здрав живот кој го води една нација.

Според новото истражување на „Клиник компеар“ (Clinic Compare), Чешка е најмалку здрава земја во светот, а во првите десет земји се девет од Источна Европа. Најздрава земја е Авганистан.

По прибирањето податоци од Светската здравствена организација (СЗО), направена е анализа за консумација на алкохол, цигари и превенција на дебелина во 179 земји во светот.

Според резултатите од анализата, Чешка е најмалку здрава, бидејќи секој жител во просек годишно пие 13,7 литри алкохол. Во однос на цигарите, Чесите се на 11. место.

На второ место е Русија, па следат Словенија, Белорусија, Словачка и Унгарија. Со оглед на тоа дека девет земји од Источна Европа се меѓу првите десет места, овој регион е прогласен како најмалку здрав. Единствено исклучок се САД кои го делат десеттото место со Литванија.

Според истражувањето, најдебели луѓе има во Океанија.