Мурињо ги руши сите рекорди – го прави најскапиот трансфер во историјата


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Манчестер Јунајтед игра многу добро оваа сезона, но Жозе Муроњо смета дека и се уште има простор за напредок. Поради тоа „Специјалниот“ спрема понуда од 155 милиони фунти за доведување на голема ѕвезда.

Станува збор за феноменалниот Пауло Дибала, кој блеска во дресот на Јувентус. Мурињо смета дека Аргентинецот заедно со Лукаку и Рашфорд ќе го формира најдобриот напад во светот.

На „Олд Трафорд“ се надеваат дека следното лето ќе успеат да го доведат младиот напаѓач и за тоа се спремни да платат 155 милиони фунти. Доколку се реализира оваа зделка тоа ќе биде најскапиот трансфер во историјата на англискиот фудбал.

„Црвените ѓаволи“ го соброрија трансфер рекордот во 2016 година, кога токму од Јувентус го доведоа Пол Погба за 115 милиони евра.

Доколку го доведат Аргентинецот тоа ќе биде втор најсап трансфер на сите времиња, веднаш после Нејмар.