Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Кристал палас вчера загуби на „Олд Трафорд“ со 4:0, но тоа не е ништо ново, бидејќи клубот го бележи најлошиот старт не само во неговата историја, туку и во историјата на Премиерлигата.
Во првите четири кола Франк де Бур го предводеше Палас, но доживеа исто толку порази и неговиот тим не постигна ниту еден гол. На негово место дојде Рој Хоџсон, но ниту тој не помогна.
Продолжи серијата катастрофални резултати, а Палас и понатаму не може да ја затресе мрежата на ривалоте, па по тој податок е единствен тим во сите 20 најсилни европски лиги.
Без постигнат гол и освоен бод, Палас и понатаму е најлош тим во тие 20 лиги, односно во конкуренција на уште 313 екипи. Вклучувајќи го и завршниот дел од минатата сезона, Палас на 11 од последните 12 натпревари во Премиерлигата нема дадено гол.
Кој знае кога тимот на Хоџсон ќе ја забележи првата победа и првите бодови, бидејќи по репрезентативната пауза следат дуелите со Челзи, Њукасл и Вест Хем и уште потешкото гостување кај Тотненхем.
Распоредот е тежок, а ао во скоро време нешто не се промени, уште есенва ќе знаеме кој е сигурен патник во Чемпионшип.