Путин како Трамп: Русија ќе гради ограда меѓу Крим и Украина


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Оградата ќе биде подигната во интерес на безбедноста на полуостровот Крим, кој Русија го анектира во 2014 година.

Руските медиуми објавуваат дека Русија планира да подигне ограда меѓу Крим и Украина.

Пограничната управа на Федералната служба за безбедност на Русија соопшти дека на границата меѓу Крим и Украина ќе изгради ѕид долг 50 километри.

Оградата ќе биде висока 2,4 метри, а нејзината изградба, која треба да заврши до 20 декември, ќе чини повеќе од три милиони евра. Пред и зад оградата ќе бидат поставени препреки.

Пропишано е дека конструкцијата на оградата мора да биде отпорна на различни климатски услови, вклучувајќи и влажност на воздухот до 98 проценти и температура до плус 65 Целзиусови степени.