Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Кога Бела и Џиџи Хадид ќе се појават заедно на некоја јавна манифестација или настан, тоа е појава на која не можат да одолеат ниту обожавателите, ниту фоторепортерите.
Славните сестри дефилираа заедно на речиси секоја популарна ревија на модните недели кои во изминатиот период се одржуваа во Њујорк, Лондон, Милано, а сега и во Париз. На два различни модни настани, двете манекенки носеа идентична креација.
На забава во Париз, Џиџи се појави во истиот фустан од Брендон Максвел кој сестра ѝ Бела го носеше на ревијата на американскиот дизајнер во Њујорк, каде беше презентирана колекцијата пролет/лето 2018. Но, тоа не е никаков проблем кога станува збор за овие две убавици – на двете им стои прекрасно. Сепак, што мислите вие, на која поубаво ѝ „лежи“?