Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Археолозите пронашле нови докази кои откриваат како било изградено најстарото светско чудо, Кеопсовата пирамида во Гиза.
Доказите покажуваат дека Египќаните ја изградиле Големата пирамида пренесувајќи 170.000 тони варовник во бродови. Досега било познато дека каменот бил пренесува од Тура, оддалечен на 13 километри, а гранит земале од 860 километри оддалечениот Асуан.
Археолозите досега не се согласувале околу тоа на кој начин материјалот за изградба на пирамидите биле пренесуван во Гиза. А сега пронашле папирус, древен брод и мрежа пловни патишта кои докажуваат дека го пренесувале преку реката Нил.
Камените блокови од 2,5 тони биле пренесувани преку посебни водени канали до пристаништето оддалечено на само неколку метри од темелите на Големата пирамида.
Пронајдениот папирус е прв директен запис за начинот на градење на пирамидата. А го потпишал градителот Мерер, кој детално опишува како материјалот бил пренесуван од Тура до Гиза.