Борусија Менхенгладбах со урнебесна шега на своја сметка стана апсолутен хит!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Легендарниот германски клуб Борусија Мехенгладбах лошо ја започна сезоната, а пред три дена доживеа катастрофален пораз во дербито против Дортмунд од 6:1.

Меѓутоа, клубот не сака да се предаде, па преку социјалните мрежи ги воодушеви сите со својот хумор.

Имено, после дебаклот во Дортмунд, официјалниот Твитер профил на Мехенгладбах објави фотографија со резултат 6:1, а под шестката наместо стрелците напиша: „Премногу имиња за споменување“.

Меѓутоа од Мехенгалдбах не застанаа тука и покажаа дека и тоа како знаат да се пошегуваат на сопствена сметка. Реал Мадрид денес и гостува на Борусија Дортмунд, па на официјалниот Твитер профил вчера објавија слика од аеродром и напушаа: „На пат за Дортмунд“.

На тоа следуваше одговор на Мехенгладбах кои имаат една молба до „кралевите“.

„Доколку случајно таму ја најдете нашата одбрана, ве молиме да ја проследите во Мехенгладбах“.