Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Жителите од малото кинеско село Ксилиншуи засадија 130.000 стебла со цел да формираат гигатнски QR код и на тој начин да привлекуваат туристи во својата заедница.
Тие садеа локален вид на смрека чија висина достигнува од 80 см до 2,5 метри. Не е познато колку треба да бидете високо над стеблата за да можете да го скенирате овој QR код, а мештаните од селото велат дека е така дизајниран да може да го скенираат луѓето на пат за Пекинг.
Посетителите кои успешно ќе го скенираат кодот ќе бидат поврзано со туристичкиот профил од селото на кинеската социјална мрежа WeChat.
QR кодовите сè повеќе се популаризираат во Кина. Кинезите сè повеќе ги користат во секојдневниот живот, најмногу за брзо плаќање.
Селото Ксилиншуи во 2015 година беше прогласено за најубаво село во кинеската област Хебеи и доби 168.000 долари за развој.