Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Викторија Сања е атлетичарка која редовно го плени вниманието независно на кој атлетски натпревар ќе се појави.
Специјалистка е за скок во далечина и троскок, а настапува за Шведска, ако по потекло е од Гамбија. Во текот на кариерата има остварено неколку добри резултати – на летните Олимписки игри за млади освои злато, а на 16 години стана сениорка.
Сепак, она што неа ја издвојува од останатите натпреварувачки во оваа дисциплина, па и во атлетиката генерално, е нејзината опрема со која настапува. За неа велат дека таа носи најмала спортска опрема на светот и дека речиси ништо и да не крие со тие крпчиња на себе додека настапува на атлетските манифестации. И Викторија не запира тука, туку на секој следен натпревар се обидува да носи што поминималистичка облека.
Инаку, нејзин најдобар сениорски резултат е шесто место на Европското атлетско првенство во Амстердам. Пред неа претстојат уште многу атлетски предизвици и натпревари, а едно е сигурно, бројот на мажите кои ќе одат на женските атлетски натпревари допрва ќе се зголемува поради неа.