Надал загрижен: Не можам да ја замислам Шпанија без Каталонија, ниту обратно


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Тенисерот Рафаел Надал изјави дека неговиот англиски не му дозволува на најдобар начин да опише што чувствува по прашањето за референдумот за независност на Каталонија.

Тој, исто така, рекол дека не може да ја замисли Шпанија без Каталонија и обратно.

„Не сакам да го видам тоа, но тоа е нешто што се случува. Сакам двете страни сериозно да расправаат за овој проблем и да најдат најдобро решение“, рекол Надал, кој се наоѓа на турнир во Прага.

Тој додал дека верува дека истото мислење со него го делат мнозинството Шпанци.

„Не ни се потребни судири и проблеми затоа што заедно сме подобри и посилни“, изјавил Надал, кој е роден на Мајорка.